fbpx

Балкански коридор за тестирање на „паметни” автомобили

Србија, Грција и Бугарија започнаа иницијатива за прекуграничен Балкански коридор, кој ќе обезбеди тестирање на поврзани меѓусебно и автоматизирани автомобили, што ќе биде поврзан со Западна Европа

Српскиот државен секретар во Министерството за туризам и телекомуникации, Татјана Матиќ, Министерот за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија, Ивајло Московски, заедно со грчкиот колега со ресор за дигитална политика, телекомуникации и медиуми, Никос Папас, потпишаа писмо за намери за соработка во областа на поврзаното и автоматско возење.

Балкански коридор

Како што беше потенцирано обврските на сите страни во договорот се поврзани главно со обезбедување на соодветна инфраструктура за спроведување на тестовите. За оваа цел веќе се изготвени предлози при изградбата на патишта и нови автопати, да биде изградена и инфраструктура како канали, цевки, шахти за поставување на оптичка конекција која ќе обезбеди можност за реализирање на 5G мрежи за поврзано возење.

Балкански коридор

Поврзани вести

Back to top button