fbpx

Компанија со заедничко вложување на VW и QuantumScape

Volkswagen соработува со компанијата QuantumScape од 2012 година, но сега во оваа соработка се продлабочува, односно ќе биде создадена заедничка компанија, која ќе продава и произведува масовно акумулатори со цврст енергенс

QuantumScape е создадена од специјалисти од Универзитетот Стенфорд и има околу 200 патенти за новата технологија на полнење на возилата. Но, работата во неа не е приоритет само за домашните експерти, туку и стручњаци од други компании водат истражувачки и искуствено-конструкторски дејности во оваа област -од Toyota, Bosch, Dyson, SF, Fisker и Lagonda.

Групата VW го зголемува своето учество во американската компанија,па со тоа ќе стане најголем нејзин акционер со инвестиција од 100 милиони долари.

QuantumScapeСе претпоставува дека наскоро ќе видиме автомобили со новиот тип на акумулатори, но во прво време со ограничени количини. Слични акумулатори веќе се тестирани од Германците а долгорочната цел на заедничката компанија е големи серии на производство, кое треба да стартува од 2025 година.

Акумулаторите не се сосема нов изум. Тие се литиумски подвидови, но нудат поголем капацитет по единица маса и се полнат побрзо. Според Германците, e-Golf опремен со овие батерии ќе може да мине околу 750 километри, наместо 300 километри со сегашните.

Поврзани вести

Back to top button