Каков скок за Dacia Sandero?!
Романскиот хечбек Dacia Sandero успеа да влезе во топ 10 во Европа со оствареното во месец мај, според податоците наа JATO Dynamics, кај нуди извештаи за автомобилските пазари ширум светот
Главната заслуга за ваквиот скок е одличното претставување на хечбекот, неговите теренски верзии, како и новата модификација – Dacia Sandero Urban Stepway, која беше пуштена на пазарот оваа година и веќе е достапна на некои пазари. Инаку, лидер во Европа е сеуште Volkswagen Golf, со 40.787 пласирани единици во мај, што е за 4% помалку од истиот период на 2017 година.
На втората позиција е Renault Clio – 31.800 продажби (+ 2%), а на трето – Volkswagen Polo со резултат од 28.180 реализирани примероци (-10%). Во првите пет се Ford Fiesta – 22.572 (+ 18%) и Volkswagen Tiguan – 22.064 (+11), а на оваа листа следи Dacia Sandero – 21.520 (+ 4%), Ford Focus – 21.331 (+ 27%), Renault Captur – 20.839 (+ 26%), Peugeot 208 – 20.024 (-10%), Skoda Octavia – 19.843 (-8%).