fbpx

Верстапен победи во Австрија, дебакл за Mercedes

Макс Верстапен на Red Bull ја оствари својата прва победа сезонава, откако на патеката А1, во Австрија, беше поуспешен од двајцата пилоти на Ferrari, Кими Раиконен и Себастијан Фетел

Натпреварувањето имаше многу возбудувања од почетокот до самиот крај, но секако ќе остане забележано каде Mercedes доживеа комплетен крах, бидејќи поради проблеми со болидите трката не ја завршија двајцата негови возали, иако Валтер Ботас и актуелниот шампион, Луис Хамилтон, ја започнаа трката. Поради оштетување имаше откажувања и на други пилоти, а вреди да се напомене и она на Даниел Рикардо, кој до моментот кога „го издаде“ неговиот болид беше меѓу водечките.

Со третото место, Фетел повторно поведе во генералниот пласман, пред Хамилтон.

formula 1

На стартот Ботас и Хамилтон беа нападнати од Раиконен, а по големата меѓаница Волтер стигна до четвртата позиција. Но, сепак на крајот на првиот круг се врати втор по агресивниот напад против Раиконен и Верстапен. Пред тоа, пак, Макс успеа да го претекне Кими и излезе втор. Трката за Mercedes потоа беше крајно збунувачка, поради многу грешки на тимот.

Кога Ботас отпадна поради дефект на менувачот, Хамилтон не беше известен да сопре во боксот зад виртуелниот автомобил за безбедност, кој им овозможи на сите негови ривали да запрат по нови гуми. А, воведувањето на виртуелниот автомобил за безбедноста беше токму поради Ботас. По рестартот Хамилтон остана на чело, но предноста од малку над 13 секунди пред останатите немаше како да го врати на првото место по влезот за нови гуми.

Пред тоа Луис се обиде во текот на 10 круга да натрупа поголема предност, но не успеа. Хамилтон се врати на патеката како четврти, но малку подоцна беше престигнат и од Фетел. Во средината на трката Луис мина едно место напред поради проблемите на Рикардо, но во 52-от Британецот исто така мораше да запира во боксот поради проблеми со гумите. Малку подоцна дефект во пумпа за гориво дефинитивно го одалечи Хамилтон од трката и стави крај на серијата од 33 последователни натпревари, во кои тој освојувал поени.

Пред него Верстапен, Раиконен и Фетел го задржаа пласманот во последните кругови, иако Кими се доближи на околу 2 секунди од Холанѓанецот, но не го нападна. Од Ferrari ги изненадија фановите и не наредија двајцата пилоти да си ги разменат местата, што беше повеќе од очекувано со оглед фаворизирањето на Фетел. Ромен Грожан ги освои првите поени за 2018 и заврши како четврти, а петти остана неговиот клупски колега, Кевин Магнусен.

Двајцата пилоти на Force India, Естебан Окон и Серхио Перез, завршија 6 и 7-ми, следени од Фернандо Алонсо кој повторно освои поени, иако стартуваше во трката од боксот.

Поврзани вести

Back to top button