fbpx

SEAT ја намалува моќта на Leon Cupra

Моќта на најсилната верзија на SEAT Leon, сега достапна во понудата на шпанскиот под-бренд Cupra, е намалена за 10 коњски сили

Ова решение беше донесено за потребите на новата светска хармонизирана процедура за испитување на емисијата на штетни гасови на возилото (WLTP). Хотхечот се напојува со 2.0-литарски бензински турбо мотор чија моќ беше прилагодена од 300 на 290 коњски сили. Но, моќта на верзијата на Cupra која доаѓа со 4×4 погон, не се менува.

Новиот циклус WLTP го менува системот NEDC, кој се користи од 70-те години на минатиот век и во последните децении се покажа како лесна пречка за манипулации на автомобилските производители. Новиот циклус предвидува подолга километража на автомобилите за мерење на емисиите, зголемување на забрзувањата кај кои се мерат емисиите, но намалување на бројот на застои.

Cupra

Во последниве неколку месеци, неколку брендови престанаа да произведуваат некои од нивните најмоќни модели поради недоследности со WLTP.

BMW престана производството на М3, кој наскоро ќе добие наследник, како и на M550i и се откажа од користењето на V12 мотори кај следната генерација на Серија 7. Сите модели на Porsche ќе треба да добијат нови сертификати, според стандардите и барањата на WLTP, а новите норми ги засегнаа и Audi SQ5 и Peugeot 308 GTI.

Поврзани вести

Back to top button