Volkswagen му подарува 12 подвижни полначи на Волфсбург
По повод 80-годишнината на Волфсбург, генералниот директор на VW Херберт Дис врачи на градоначалникот Клаус Морс интересен подарок дванаесет мобилни станици за брзо полнење на акумулатори на електрични возила
Дис додаде дека освен подарокот, Volkswagen ќе инвестира за развој на инфраструктура за полнење на електрични возила во градот, плус десет милиони евра. Како што е посочено до март следната година ќе се активираат сите 12 станици за полнење и она што е посебно интересно е дека тие се иновација развиена од VW.
Главната предност им е дека можат да се преместуваат од едно место на друго, во зависност од тековните потреби. На пример од центарот на градот кон периферијата или на конкретен плоштад или улица, каде што се планираат настани, како на пример натпревари на Volkswagen Арена. Подвижната станица може да работи одредено време во режим на целосна автономија, без врска со електричната мрежа.
Секако, може да се полни сама или во неа да се заменуваат блоковите батерии. Една станица може да полни истовремено четири различни превозни средства. Подвижната станица за полнење е со енергија од 200 kWh кои се доволни за 5 до 6 полнења на акумулаторот на електричниот хечбек e-Golf.