fbpx

Volkswagen Group инвестира милијарда евра во планот на INDIA 2.0

Škoda Auto објави нови детали за својот стратешки план за развој INDIA 2.0 на територијата на Индија

Според новата иницијатива на Volkswagen Group, Škoda Auto ќе одговара за настапот на Групацијата и добива ексклузивност за развој на модели во Индија, а за оваа цел, автомобилскиот гигант ќе инвестира импресивни една милијарда евра за реализација на проектот, главно меѓу 2019 и 2021 година.

-Според предвидувањата на експертите, во следните неколку години Индија ќе стане третиот по големина автомобилски пазар во целиот свет, коментира Бернхард Маер, извршен директор на Škoda Auto. -Со нашиот INDIA 2.0 проект создаваме вистински услови за одржлив развој на овој пазар. Нашата цел е амбициозна, но и остварлива: заедно со брендот Volkswagen ние целиме на пазарен удел до 5% на долг рок, во зависност од условите и развој на сегментите.

-Во Индија ние ќе нудиме врвни производи по цени кои ќе го променат настапот на Групацијата, вели Гурпратап Бопарај, управен директор на Škoda Auto India . -Ние ќе произведуваме нови производи на локално ниво базирани на специјална платформа MQB A0, која веќе ги исполнува строгите емисија и еколошки стандарди, кои се очекува да влезат во сила во Индија во 2020 година.

Моделската офанзива на Škoda Auto во Индија започнува во 2020 година, со компактен SUV модел кој ќе биде понуден во продажба.

Поврзани вести

Back to top button