DINO party!
Рекордни над 150 претставници на иконата на Ferrari, моделот Dino, како и повеќе од 300 сопственици, но без своите возила, се собраа во Маранело, за да ја прослават 50-годишнината од дебито на пат на првата сериска верзија на изведбата
Ferrari Dino што е еден од најомилените сериски пазарни предлози на легендарната марка, а за прв пат се појави во 1965 година за време на меѓународниот салон во Париз, за да блесне во конечна форма година дена подоцна во Торино. Сепак неговото официјално претставување се одржа на форумот во Франкфурт, во ноември. Од Ferrari додаваат дека реално, 50-годишнината требало да биде одбележана минатата година, но настанот би бил во сенка од прославата по повод 70-годишнината на брендот како целина.