fbpx

Ексклузивно: „Очи во очи“ со Peugeot 508 во Монте Карло

Во монденскиот Монте Карло врие како во кошница, па не е ни чудно, на стартот сме на летната сезона, се полнат плажите, хотелите, рестораните..., да не заборавиме коцкарниците

Ние на Азурниот брег сме со поинаква цел, да се дружиме со перјаницата на Peugeot, целосно новата генерација на моделот 508. Во секое време е пријатно чуството да се минуваат миговите во кнежеството, а особено кога се исполнети со дополнителни емоции кои ни ги нуди нашата професија, да седнете зад управувачот на врвно автомобилско остварување.

Нашите домаќини од Peugeot ни приредија извонредно изненадување, ни понудија да се соочиме „очи во очи“ со нивниот предводник, новото поколение на 508. И додека минуваме покрај Cafe de Paris и Avenue d`Ostende, ги мериме (само со поглед) беспрекорно „паркираните“ јахти, или крај Plaza del Casino, полека ги откриваме „тајните“ на најновата Пежоова креација.

А, за да влеземе во „нејзината душа“ и ги доловиме возните својства нашите домаќини ни ги понудија патиштата каде се вози традиционалното Монте Карло рели, па кога сме кај емоциите и задоволството-тие се комплетни!

Како што ни беше предочено на пресот од Peugeot, новата 508 менува сè, доаѓа со компактни димензии, намалена висина, поостри линии и силен дизајн, впечатлив ентериер со интегриран i-Cockpit, со 10-инчен HD екран и head-up екран, со шест различни режими на работа и поднесување на информациите, одлично однесување на патот и огромен спектар високотехнолошки решенија.

Присуство во внатрешноста на автомобилот забележуваат и познатите „типки на пијано“, прекинувачи кои гарантираат брз и лесен пристап до дел од секундарните подсистеми, како аудиосистемот, климатизацијата, навигацијата, мобилни апликации, i-Cockpit Amplify и други. Главен акцент кај новата генерација на моделот, сепак е преминот од концепт на класичен четиривратен седан, кон динамичен петвратен фастбек со опипливо емитување на купе-возило.

За да го засилат дополнително, од француската компанија нудат типичен за брендот компактен управувач, а обрнале големо внимание на конфигурирање на AGR (Aktion für Gesunder Rücken) сертифицираните седишта и позицијата на возачот. Многу е работено на изолација на кабината, за да може патниците да уживаат при возењето.

Peugeot 508

За дополнителна удобност, компанијата нуди специјални предни седишта со функција за масажа од осум точки и пет програми. Изработен на нова платформа и 70 килограми полесен од својот претходник, новиот Peugeot 508 ќе се најде на пазарот со повеќе високотехнолошки системи за зголемување на активната и пасивната безбедност.

Во опремата на автомобилот ќе можат да бидат вклучени пилот за сегментот систем за ноќно гледање, адаптивен круз-контрол со функција за следење на движење на возилото напред, систем за позиционирање и задржување на автомобилот во лентата, систем за автоматско активирање на составот за сопирање со функцијата за препознавање на пешаци и велосипеди, автоматски светла и многу други поединости.

Новото Peugeot 508 ќе се нуди во две бензински верзии 1.6 PureTech со 180 и 225 коњски сили со осумстепена автоматска менувачка кутија, как и четири дизел, врз основа на агрегатите 1.5 и 2.0 L BlueHDi- BlueHDi 130 со шест-брзински механички и осумстепен автоматски EAT8, BlueHDi 160 S & S EAT8 и BlueHDi 180 S & S EAT8.

Поврзани вести

Back to top button