fbpx

Париз и Renault Group со заеднички проект за електрична мобилност

Париз и европски лидер во производство на електрични автомобили Renault Group објавија свои планови за иницирање на нов проект за заедничка електрична мобилност на територијата на „градот на светлината“

Плановите за развој на новиот проект вклучуваат кратки, средни и долгорочни референци, а крајната цел е понуда на алтернативна урбана мобилност со акцент на поврзување и воведувањето на системи за автономно управување кај електричните изведби. Првиот чекор во новата иницијатива на Париз и Renault Group ќе биде направен во септември оваа година и ќе вклучува ставање во употреба на флота електрични возила на француската компанија, вклучувајќи ZOE, Twizy, Kangoo ZE и Master ZE.

Нивниот број до крајот на следната година се очекува да порасне до 2.000 единици. Клиентите ќе можат да избираат меѓу неколку варијанти на експлоатација на електричните возила, вклучувајќи правци со одредени точки при преземање и враќање на возилата, како и такви без јасно дефинирани локации.

Renault Group

-Градовите и производителите на автомобили треба да се обединат за иднината на мобилноста. Во моментов Париз и Renault Group водат заеднички активности во повеќе области, коментира Ани Идалго, градоначалник на Париз и претседател на организацијата C40, која обединува околу 100 градови низ целиот свет. -Ова ќе направи можност да понудиме на Парижани и на жителите на Ил де Франс една поздрава и помалку загадена околина за живеење, во која секој ќе има можност да се движи полесно.

Поврзани вести

Back to top button