fbpx

Volkswagen со сериски California XXL во август

Претставениот минатата година концепт, Volkswagen California XXL, ќе има сериски модел, кој ќе се најде во понуда подоцна оваа година

Германскиот производител ги претстави првите скици на следната генерација на камперот, кој ќе го дебитира на специјална изложба во Дизелдорф. Според најавите внатре ќе има голем кревет, кој ќе биде право под огромен стаклен покрив. Исто така постои и бања со тоалет, како и кујна со мијалник, фрижидер и шпорет на гас.

Новата генерација на камперот е базирана на големиот Crafter, па може да се претпостави и погонот. Најверојатно, популарната верзија ќе има 2.0-литарски турбо дизел мотор со 190 КС, кој ќе работи во спрега со автоматски менувач и двоен пренос. Продажбата на новиот кампер се очекува да започне пред крајот на годината, за да можат корисниците да се подготват за следната сезона во која ќе можат да го користат.

Од 1988 година, Volkswagen продаде повеќе од 100.000 единици од моделот California.

Поврзани вести

Back to top button