fbpx

Слабо издание на македонските возачи на Хунгароринг

На првата трка од Европскиот TCR шампионат од рундата на патеката Хугароринг, Игор Стефановски – Иџе, заврши на тринаесеттата позиција, а Виктор Давидовски целта ја мина веднаш зад него

Во втората трка Давидовски беше 18-ти, а Стефановски се откажа по само пет извозени круга.
Македонските возачи брзо ќе го заборават својот настап во Унгарија во рамките на Европскиот TCR шампионат. По отсуството во СПА, Иџе се врати на петките, но остана без бодови и по оваа рунда од натпреварувањето, а ништо подобро не помина ниту Виктор.

TCR

Во првата трка Иџе започна од 17 место, но до крајот успеа да напредува само неколку позиции. Имаше и мала незгода на патеката, која го оневозможи да го покаже целосниот потенцијал. Вториот македонски возач, Виктор Давидовски, тргна од 23 место, а до крајот успеа да дојде до 14 позиција во конечниот пласман. Победник на ова прво издание од трката во Унгарија беше српскиот возач Душан Борковиќ, а подиумот го комплетираа Стиан Полсен од Данска и домашниот возач, Даниел Наѓ.

TCR

Популарниот Иџе поради проблеми со своето возило беше приморан да ја заврши втората трка по само пет круга, додека пак Давидовски кој стартуваше од 22-то место успеа да напредува четири и заврши 18-ти. Ова дефинитивно не е резултатот што го очекуваа двајцата македонски претставници во силното европско натпреварување, а што се однесува до оваа трка, најдобри беа Франциско Мора од Португалија, пред Даниел Наѓ и Џош Фајлс од Британија.

Поврзани вести

Back to top button