Ќе има ли електричен Peugeot 208 GTi?
Следната генерација на Peugeot 208 и верзијата GTi ќе има и електрични опција, објави шефот на француската марка Жан-Пјер Импарато за Auto Express
Се очекува дека новата генерација на 208 ќе биде претставена во март во Женева, а Импарато планира да им биде понуден интересен избор на фановите на хотхеч моделите – бензинска или електрична варијанта на 208 GTi. Новиот 208 ќе користи платформата CMP, вклучувајќи и варијантата e-CMP, наменета за електрични возила.
Импарато објасни дека не треба клиентите на марката да прават разлика меѓу бензински и електрични модели. Затоа и секој модел на марката ќе се здобие во електричен или најмалку електрифицирана опција, вклучувајќи ги и верзиите GTi.
Шефот на Peugeot беше категоричен дека брендот нема да оди по патот на Renault, каде конвенционалниот Clio е ист со електричниот Zoe, но се нуди како посебна изведба.
Кај Peugeot бензинските и електричните модели ќе бидат во една палета и дури едно моделско семејство. Заедно со тоа се планира и промоцијата на сериозен број хибридни модели, на кои сега работат професионалци од Peugeot Sport, а Импарато не сакаше да влезе во детали за овие изведби.