fbpx

Renault лансира три нови електрични камиони

Renault подготвува три нови електрични камион, кои ќе се појават на европскиот пазар веќе оваа година и 2019 година, соопшти францускиот производител

Прво ќе биде промовирана, во септември 2018 година, втората генерација на Renault Master Z.E., која ќе биде опремена со електричен мотор со моќност 78 КС и литиум-јонска батерија со капацитет 33 kWh, која обезбедува километража до 200 километри со едно полнење.

Следната година,почнува продажбата на 16-тонскиот Renault D Z.E. и 26-тонскиот D Wide Z.E. Помалиот модел ќе биде опремен со електричен мотор со 250 КС и батерија со капацитет од 200 или 300 kWh, обезбедувајќи километража до 300 km. Тешкиот камион ќе биде опремен со два електрични мотори со вкупна моќност над 500 „коњи“, кои ќе добиваат енергија од батерија со капацитет од 200 kWh, а обезбедува автономија до 200 km.

Renault

Поврзани вести

Back to top button