fbpx

Pininfarina ќе произведува ексклузивен супер модел

Automobili Pininfarina објави дека компанијата ќе им понуди на своите идни клиенти луксузно портфолио од електрични модели, а првиот од нив ќе биде представен веќе следниот месец, за време на Monterey Car Week

Моделот ќе биде надграден врз концептот PF0. Во план е ова „првенче“ на Automobili Pininfarina да биде претставено дури и пред тоа, како премиерата на концептот, пред потенцијални партнери, клиенти и претставници на медиумите уште во текот на оваа недела за време на специјален настан во Њујорк. Воедно, на овој натсан ќе бидат презентирани и идните бизнис планови на новиот бренд пред потенцијалните партнери.

-Automobili Pininfarina го означи почетокот на нов бизнис, создаден за да им понуди нешто сосема ново на клиентите во светот, коментира Михаел Першке, извршен директор на новиот бренд. -Нашето портфолио ќе стартува со иновативен хипер автомобил со нулта емисија на штетни гасови, кој ќе го демонстрира прогресот кон кој се стремиме, да го достигнеме врвот на пазарот на луксузни и спортски автомобили.

1 | Pininfarina
2 | Pininfarina

    Поврзани вести

    Back to top button