fbpx

Citroën со најдобра продажба за последните 7 години

Citroën објави дека глобалната продажба на брендот во првата половина на годината достигна ниво од 573.000 единици, што претставува зголемување од 8,7% во споредба со истиот период 2017 година и е најдобро достигнување на компанијата за последните 7 години

На територијата на Европа, Citroën имаше реализацијата од 444.000 свои автомобили, што е еквивалентно на раст од 7,4% во споредба со првото полугодие од минатата година. Друг рекорд на кој се мошне горди од Citroën е постигнувањето во продажбата од 395.000 единици за моделот C3, од промоцијата на пазарот во ноември 2016, што е повеќе од 120.000 од било кој друг модел за овој период.

Citroën

C3 Aircross достигна вкупно 100.000 единици, со речиси 65.000 пријавени во првата половина од годинава. Новиот C4 Cactus придонесува со речиси 30.000 побарувања од почетокот на продажбата, во март оваа година. Од Citroën евидентираа исклучително подобрување на своите позиции во Кина, со раст од 50% и ако продолжи ваквиот тренд очекувана позитива од речиси 62% во втората половина на годинава.

Главниот „виновник” на овој пазар е Citroën C5 Aircross, кој може да се пофали со генерирани речиси 40.000 продажби од септември минатата година, а дополнително зголемување на пласманот од брендот очекуваат по претставувањето на пазарот на новиот C4 Aircross, во септември.

Поврзани вести

Back to top button