fbpx

Само помислете и вашиот автомобил тргнува!

Иновативен, „автомобил на мисли“ беше демонстриран на изложбата Иннопром-2018 во Екатеринбург

Тоа нема да биде скапа изведба и ќе обезбеди мобилност за лица со посебни потреби и оние постарите. Ова е руски развој на т.н. „неврон” возило кое треба да се најде во сериско производство за три години. Возлото е развој на Државниот универзитет Лобачевски (ННГУ) во Нижни Nовгород со поддршка на петербургскиот институт за роботехника и кибернетика ЦНИИ.

Ова е компактно градско возило со должина помала од три метри, опремено со уникатен систем за симнување на сигнали од мозокот и нивно трансформирање во контролни команди. Автомобилот ќе им помогне на лицата со посебни потреби кои страдаат од патологија на екстремитетите, церебрална парализа, склероза, последиците од траума во главата и други заболувања.

„автомобил на мисли“

Целната публика вклучува постари луѓе кои поради својата возраст не можат да се справат со традиционален автомобил. Се претпоставува дека возачот на автомобилот ќе влезе со инвалидска количка во мобилна платформа низ широката задна врата. Машината, слично на беспилотни автомобили е опремена со органи за вештачка интелегенција, но управувањето останува од возачот преку силата на мислата.

За таа цел се користи специјална „капа” со сензори, која ги заменува основните контроли, а возачот ќе треба само да размислува каде сака да управува. Електрониката ќе го движи автомобилот и ќе го предупредува за опасностите и пречки на патот. На изложбата беше објавено дека автомобилот ќе се најде во производство во серии од 2021 година.

Во зависност од модификацијата, неврон- автомобилот ќе може да патува со едно полнење од 200 до 600 km.

Поврзани вести

Back to top button