fbpx

McLaren Automotive со 18 нови понуди до 2025 година

McLaren Automotive ги објави плановите за развој за следните 7 години за време на Goodwood Festival of Speed.

Според компанијата до 2025 година McLaren Automotive ќе лансира 18 нови автомобили и основни модификации.  Ќе направи инвестиција од 1,2 милијарди фунти, а голем дел од нив ќе бидат наменети за целосна хибридизација на палетата.

“Инвестицијата ќе му помогне на брендот да го зголеми производството за околу 75% од актуелното ниво” – тврди McLaren Automotive.  “Поставената цел е околу 6.000 автомобили годишно кон средината на следната деценија.”

McLaren Automotive

Еден од највозбудливите нови модели кои се споменуваат од компанијата е наследникот кој беше претставен пред 5 години, P1. Дефинитивно засекогаш ја промени историјата на хиперавтомобилите, преку пуштањето во употреба на хибриден погонски систем.

McLaren Automotive

McLaren Automotive ги објави плановите за проширување на актуелната дилерската мрежа, за влез на нови пазари, вклучувајќи ги Русија, Индија, Централна и Источна Европа. Намерата на компанијата е да има официјални претставувања во 100 земји до крајот на следните 7 години (во моментов само 31).

Поврзани вести

Back to top button