Автопроизводителите се далеку од целите на EU за емисија од само 95 грама јаглерод диоксид на километар
За три години новите автомобили во EU треба да ги задоволат стандардите за емисија од само 95g/CO2 на километар, што е еквивалентно на потрошувачка од 4,1 литри бензин на 100 километри, но автомобилските производители „молчат на оваа тема“?!
По три години во EU ќе влезат во сила построги граници за одделување на CO2 од новите автомобили, но ниту една марка не ги покрива овие вредности денес. Истражување објавено од страна на Меѓународниот совет за чист транспорт (ICCT), кој придонесе значително за откривањето на скандалот за издувните гасови на VW, претпоставува дека производители како Toyota, Nissan, Volvo…многу лесно ќе ги запазат новите норми, а од друга страна, повеќето авто-концерни ќе треба да вложат огромни напори да ги задоволат вредностите поставени од EU. Инаку, како што се закануваат од ЕК ќе има санкции, кои ќе достигнат милијарди!
Студијата покажува колку производители се далеку, или блиску, од стандардите на EU. „Лично не стравувам за моделите од германските производители, бидејќи тие се потпираат во голема мера на хибриди, а најавуваат многу подобрувања на ова поле. На овој пат се и француските гиганти, па нема место за паника, а Јапонците одамна се потврдени на ова поле, вели Питер Мок од ICCT. „Моделите кои комбинираат електрични мотори и мотори со внатрешно согорување, имаат големи предности при мерењето на издувните гасови. Вредностите утврдени таму, сепак одговараат уште помалку на реалните, во однос на оние кај дизел или бензин возилата.
До 2021 година сите новорегистрираните автомобили во EU треба да се со емисија на СО2 во просек од 95 грама CO2 на километар. Ова одговара на потрошувачка од 4,1 литри бензин или 3,6 литри дизел. Ограничувањата за одделни концерни се разликуваат и зависат од просечна тежина на произведените автомобили на соодветната марка.