fbpx

Маркионе тешко болен, Мајкл Манли е новиот CEO на FCA

На вонредна седница, Бордот на директори на FCA (Fiat Chrysler Automobiles) одлучи да го назначи Мајкл Манли за нов CEO/ Извршен директор на италијанско-американскиот автомобилски концерн

Тој го менува на оваа функцијата Серџо Маркионе, а како главна причина за промената се споменува лошата здравствена состојба на Италијанецот по интервентната операција и неможноста да се врати на работа. Сопственикот на FCA Џон Елкан изрази жалење за состојбата на Серџо Маркионе, испрати желби за брзо закрепнување до неговото семејство и истакна за необичниот придонес, како во човечки, така и на професионален план, кој тој го има направено за компанијата во последните 14 години.

FCA

Џон Елкан е претставник на семејството Ањели, кое ја контролира работата, како на Fiat Chrysler, така и на Ferrari. За нов извршен директор на Ferrari се споменува името на Луис Кери Камилиери, член на управата на FCA и поранешен претседател на тутунскиот концерн Philip Morris.

Поврзани вести

Back to top button