Кои се најсигурни брендови на германскиот пазар според JD Power
Не ретко листите за сигурноста на автомобилите според JD Power придонесуваат за одлуката на клиентите да купат автомобил
Истражување за задоволството на клиентите открива колку добар или лош е квалитетот на одредена марка автомобили. Дали автомобилот навистина го исполнува она што го ветил производителот може да се разбере само по негова експлаоатација за одреден период. Истражувачката компанија JD Power се потпира на искуството и мислењата на потрошувачите кои се анкетирани, а ги управуваат своите возила три години.
Дел од тестираните категории за сигурност се: целокупната безбедност, мотор и погон, каросерија и внатрешност, дополнителни функции и практичност.
Досега JD Power се фокусираше главно на домашниот пазар, во САД, но компанијата одлучи да направи истражување и рангирање и за Германија. Компанијата за истражување го користи индексот PP100 – тоа значи „број на проблеми на 100 возила”. Во листата се вклучени сите познати брендови без Honda, Jeep и Porsche, бидејќи бројот на оние сопственици на автомобили кои биле анкетирани, не е доволно голем за да може да се направат сигурни заклучоци.