fbpx

Lynk & Co ќе го произведува својот прв седан во Белгија

Луксузната марка Lynk & Co, кинески бренд во кој учество има и Volvo, објави фотографии на својот прв сериски седан под името 03

На фотките возилото се уште е со камуфлажа и не ги открива сите детали. Автомобилот ќе биде главно ориентиран кон Кина, но по премиерата на домашниот пазар, се планира да биде лансиран и во Европа. Автомобилите на кинескиот бренд за Стариот континент ќе бидат произведени во фабриката на Volvo во Гент, во Белгија.

Првиот седан на Lynk & Co е со многу елементи од дизајнот на концептниот кросовер 01, а ќе се карактеризира L-облик на светлата со врвна LED технологија.

Според Autocar, возилото ќе се нуди со 1.5-литарски бензински 3-цилиндерски мотор со моќност од 180 „коњи”. Машината исто така ќе биде достапна со 2.0-литарски (240 КС) мотор. Покрај тоа, ќе биде достапна и хибридна модификација со 1.5-литарски агрегат плус електромотор, со вкупна моќност од 220 коњски сили.

Поврзани вести

Back to top button