Салонот во Детроит во јуни
Организаторите на меѓународниот автомобилски саем во Детроит- North American International Auto Show (NAIAS), објавија дека од 2020 година, Форумот нема да се одржи како што беше досега традиција во јануари, туку во јуни
Со датум од 8 јуни 2020, автосалонот Детроит ветува дека ќе понуди голем број на нови решенија за излагачите и посетителите, а сериозен акцент ќе биде ставен на отворената изложбена површина и дополнителните можности за активности и демонстрации на најновите збиднувања од светот на автомобилите, односно ќе бидат создадени посебни зони за динамични тестови, off-road области и демонстрација на автономни технологии за управување.