Seat ќе комуницира со семафорите
Шпанската телекомуникациска компанија Telefónica и Seat најавија нов заеднички проект со име Telegonica 5G Technological Cities
Во рамките на проектот Telefónica и Seat ќе ја тестираат патна инфраструктура, способна да „комуницира” со превозните средства во постоечка мобилна мрежа стандард 5G. Тестирањето ќе се одржи во градот Сеговија, во Шпанија, а ќе биде првиот чекор во процесот на поврзување на возилата со проекти за патна инфраструктура.
Новиот систем, предупредувајќи го возачот на можни опасности, е монтиран во кросоверот на Seat Ateca. Информациите за возачот се емитуваат на контролната табла на возилото. Во проектот учествуваат уште компанијата Ficosa, која го создаде комуникацискиот уред C-V2X (Celular V2X), сопственикот на патната инфраструктура фирмата Sice и Nokia, која обезбеди сервер MEC (Multi-Access Edge Computing), за да служи како платформа за врска меѓу превозното средство и патната инфраструктура.
Во системот се примаат сигнали од семафорите за лица на пешачки премин. Таквата порака се појавува кога возачот го вклучува системот. Автомобилот е предупреден дури и кога пешакот почнува да поминува и на црвено. Во зависност од неговата локација, брзина и положба, возилото „одлучува” дали има доволно време безбедно да ја премине раскрсницата. Ако не, на контролната табла се појавува предупредување, така што возачот може да се подготви за контролирано сопирање.
Опциите за користење на системот се базираат на стандардниот C-V2X протокол што се користи за првпат во Шпанија. Неговите предности во мобилната мрежа се дека обезбедува транспортни возила со дополнителни информации за нивната животна средина, која произлегува од постојната мрежа.