fbpx

Глобалната продажба се зголеми за 4,2 отсто во јуни

Во текот на јуни се продадени 8.401 милиони нови патнички и комерцијални возила ширум светот, објави американската консултантска фирма LMC Automotive

Евидентиран е раст од 4,2% во однос на истиот месец 2017, а од почетокот на годината се реализирани 48,294 милиони единици, што е позитива од 3,5%. Кина останува најголем автомобилски пазар во светот. Во јуни во земјата се пласирани 2,225 милиони единици (+ 4,2%), а вкупно за првите 6 месеци од годинава – 13,794 милиони (+4,9).

И во САД позитивни бројки, 1,550 милиони возила за минатиот месец (+ 5,4%) и 8,605 милиони од почетокот на 2018 година (+2,1). Во Западна Европа, во јуни се продадени 1,671 милиони нови возила, што е зголемување за 4,4%. Од почетокот на годината, во регионот се реализирани 8,937 милиони единици (+ 2,1%).

За Источна Европа бројките се 382 илјади за минатиот месец (речиси истата продажба како во јуни 2017 година) и 2,136 милиони за првото полугодие од 2018 (+ 9,5%).

јуни

Поврзани вести

Back to top button