fbpx

Новата генерација на BMW 3 блеснува во Париз

За жал годинава голем број производители на автомобили нема да учествуваат на салонот во Париз, но тоа не значи дека нема да видиме ниту една интересна премиера во француската метропола на почетокот на октомври

Според списанието Magazine, токму во Париз, BMW ќе ја претстави новата „тројка“. Во јуни, баварската компанија потврди дека ќе покаже нов модел во Париз, но не се потруди да разјасни дали навистина тоа ќе е новата Серија 3. Во последниве неколку месеци, интернет просторот е исполнет со шпиунски фотки на прототипови на новиот модел и се чини дека автомобилот е подготвен да се најде во производство.

Новата „тројка“ ќе ја користи CLAR платформата, а автомобилот ќе биде полесен и поголем од сегашниот модел, кој е сеуште во продажба. Во однос на дизајнот и стилистиката, не треба да очекуваме сериозни промени. Исто како и кај по големите Серии 5 и 7, развојот на дизајнот кај BMW 3 ќе биде еволуција, а не револуција. Се претпоставува дека на премиерата врвна верзија на моделот ќе биде M340i xDrive со 3.0-литарски турбо мотор со 380 коњски сили.

Се разбира, појавата на BMW М3 се очекува подоцна.

Поврзани вести

Back to top button