fbpx

Пет странски брендови во Топ 10 на Германија

Focus2move објави резултати од продажбата на нови автомобили и комбиња во Германија за јуни и периодот јануари-јуни 2018 година

Минатиот месец на пазарот во земјата се реализирани 341.308 нови автомобили, што е раст од 4,2% во однос на јуни 2017. Обемот на продажбата од почетокот на годината се зголеми за 2,9%, односно 1.839.000 примероци. Неприкосновен лидер на германскиот пазар, со голема разлика пред конкурентите, е брендот Volkswagen, кој од јануари до јуни продал 361.659 автомобили, што е раст од 8,6% во однос на истиот период минатата година.

Уделот на VW на локалниот пазар е 19,7%. Второ место го зазема Mercedes-Benz со 162.614 продадени автомобили (-2,7%), а првите три ги дополнува Audi, со пад за 2%, или 151.353 единици. Во Топ 10 за периодот јануари-јуни следат: Ford – 135.681 продадени возила (+ 5,7%), BMW – 129.986 (-1%), Opel – 118.526 (-7,1%), Skoda – 106.802 (+ 8,1%), Renault – 68.691 (-2,8%), SEAT – 61.461 (+ 16,4%) и Hyundai – 58.982 (+ 10,9%).

Само за јуни рангирањето е: Volkswagen – 66.389 продадени автомобили (+ 9,6% во однос на истиот месец 2017 година), Mercedes-Benz – 28.376 (-9,6%), Audi – 27.775 (+10, 4%), BMW – 25.299 (+ 11,5%), Ford – 24.525 (+ 9,5%), Opel – 22.066 (-5,2%), Skoda – 20.626 (+ 5,7% ), Renault – 13.710 (-12,6%), SEAT – 12.954 (+ 11,6%) и Hyundai – 11.938 (+ 13,6%).

автомобили

Најпопуларниот модел, со повеќе од двапати повеќе продажба, останува Volkswagen Golf.

Во јуни тој бил избран од 19.497 лица (-0,2%), а од почетокот на годината – од 118.593 (+ 5,1%). Втората и третата позиција исто така ги заземаат модели на Volkswagen – Tiguan (7.726, 43.045) и Passat (7.307, 38.042). Во Топ 10 за периодот јануари-јуни се: Volkswagen Polo (36.647), Audi A4 (34.052), Skoda Octavia (33.016), Ford Focus (31.922), Mercedes-Benz C-Class (31.128), Volkswagen Touran (28.239) и Ауди А3 (27.389).

Најголем раст во продажбата во однос на истиот период минатата година бележи Ford Focus – 36,1%, а најголем пад Mercedes-Benz C-Class – 13%.

Поврзани вести

Back to top button