BMW Group инвестира милјарда евра во нова фабрика во Европа
BMW Group објави дека компанијата ќе ги прошири своите глобални производствени капцитети со целосно нов комплекс на територијата на Европа, кој ќе биде изграден во Унгарија
Со предвидена инвестиција од милјарда евра, новата фабрика на автомобилскиот гигант ќе додаде нови до 150.000 автомобили кон вкупниот годишен капацитет на компанијата и ќе отвори над 1.000 нови работни места. Во новата фабрика на BMW Group на една производна линија ќе може да се произведуваат автомобили со стандарден погон и електрични возила.
Од автомобилскиот гигант истакнуваат,исто така, дека новиот комплекс ќе постави нови стандарди во однос на дигитализација на производствениот процес, флексибилните решенија за производство и еколошката одговорност.
-Одлуката на BMW Group за изградба на овој нов погон ја потврдува нашата стратегија за глобален раст, коментира Харалд Кругер, претседател на бордот на директори на баварската компанија. -По значителните инвестиции во Кина, Мексико и САД, сега ги засилубваме нашите активности во Европа, за да го одржиме производствена рамнотежа помеѓу Азија, Америка и нашиот мајчин континент.
Европа е најголемата локација за производство на BMW Group. Во 2018 година инвестираме повеќе од милијарда евра во нашите германски комплекси, за да ги подобриме и подготвиме за електричната мобилност.