fbpx

Норвешка со бојкот кон Tesla

Норвешка е светски лидер во бројот на електрични автомобили по глава на жител

Бројот на електромобили во скандинавската држава е рекорден во Европа, но клиентите се незадоволни од одредени компании кои ги дистрибуираат истите, особено не од Tesla. Сопствениците на модели од калифорнискиот производител се се` помалку задоволни од американската компанија.

Главниот проблем е дека дури и при мал дефект на некој од понудените од Tesla модели во земјата, Норвежаните треба да чекаат мошне долго да пристигнат резервни делови од САД, а во многу случаи доцнењето е и до 6 месеци.

Основачот на американската компанија, Илон Маск, вели дека Норвежаните имаат право да бидат лути.

Тој, сепак, посочува дека вината е пред се кај норвешката влада, а не на Tesla, што од многу причини не може да ги достави потребните резервни делови навреме во земјата. Во Норвешка Tesla нуди два модели, седанот Model S и кросовер Model X, чија цена се движи од 80.000 до 130.000 долари.

Продажбата на овие електрични автомобили во првата половина од 2018 година на норвешкиот пазар во споредба со истиот период лани се зголеми за 75%, но по се изгледа нема да биде така понатаму?! Неодамна, Владата во Осло предложи да воведе нов данок на „тешките електромобили“ на патиштата.

Ако тоа го направи, тоа може да придонесе за плус 10.500 долари на цената за Model X, најпопуларниот електричен автомобил во земјата во последно време. Аргументот на властите е дека помоќните електрични возила се премногу тешки и ја уништуваат површината на патот. Затоа, идејата е со новата законска регулатива, да се оданочуваат модели со тежина над 2 тон, средства кои ќе бидат наменети за одржување на патиштата.

Норвешка постигна завиден напредок во областа на електричниот погон благодарение на два главни фактори, најниската со оглед на животниот стандард цена на струјата и високите државни субвенции, кои вклучуваат даночни олеснувања, бесплатно паркирање, вињети и користење на фериботи и мостови.

Сумирано, овие попусти можат да ја намалат цената на најскапите модели на Tesla за околу 48.000 евра.

Секогаш мора да има противници и незадоволни, кои потенцираат дека од сегашната варијанта на великодушноста на државата уживаат претежно богати семејства, кои моделите на Tesla обично ги користат како второ или дури трето возило.

Поврзани вести

Back to top button