fbpx

Aston Martin со електричен конкурент на Rolls-Royce Phantom

Британскиот производител Aston Martin ќе го оживее ултра-луксузниот бренд Lagonda во 2021 година, кога ќе лансира електричен конкурент на Rolls-Royce Phantom

Тој ќе биде креиран врз основа на концептот Vision, истакна Енди Палмер, претседател на компанијата, цитиран од Autocar. Досега се сметаше дека првиот електричен автомобил на британскиот бренд ќе биде кросоверот DBX, но компанијата одлучи тоа сепак да биде модел од својата нова поделба, Lagonda.

Како што е познато ова ќе биде посебен бренд, кој ќе понуди алтернативни модели на оние од Rolls-Royce и Bentley. За таа цел, Lagonda ќе комбинира напредна технологија со високо ефикасни електрични мотори и луксузен ентериер со соодветна опрема.

Што се однесува до појавата на електричниот DBX, Палмер е на мислење дека, засега платформата на моделот може да се користи за бензински или хибридни единици. Во подоцнежна фаза е можна електрична верзија, но поверојатно е дека кросоверот на Aston Martin ќе биде насочен кон друга страна.

Поточно, во план е DBX да добие мотори од Daimler, благодарение на копродукцијата помеѓу двата производители. Тоа би бил битурбо V8 мотор кој е поставен и во DB11 и Vantage моделите, како и во продуктивен хибриден систем. Тој ќе биде дел од идното семејство AMG 73, каде што агрегатот со внатрешно согорување ќе биде комбиниран со електричен мотор од 200 КС.

Поврзани вести

Back to top button