Jaguar Land Rover со целосно нова гама во следните шест години
Британскиот производител Jaguar Land Rover има намера да го обнови секој од своите модели во текот на следните шест години
Ова вклучува додавање на неколку нови изданија, како следната генерација на Range Rover Evoque. Што се однесува до новите модели, Британците ќе лансираат нов SUV во портфолиото на Jaguar, кој се очекува да биде предводник во друштво на F-Pace, E-Pace и електричниот i-Pace, а од Land Rover следи нов Defender. Покрај тоа, можеби најинтересниот предлог ќе стане првиот Land Rover модел што нема да биде кросовер или SUV, кој треба да се вика Road Rover.
Следната генерација на Evoque е одговорна задача, бидејќи е во план со неа да се лансира нова платформа од производителот.
Кон ова треба да се напомене дека во овие новитети ќе бидат вградени и импламентирани многу нови технологии, како и далеку почисти дизел мотори, кои ќе испуштаат 98 проценти помалку NOx честички. Новата генерација на мотори ќе користи електрични турбини, кои ќе најдат примена во сите идни Jaguar Land Rover единици.