Економистите предлагаат „данок за возење во метеж“?!
Секој сопственик на автомобилот би плаќал данок во зависност од времето кое го поминал во сообраќај
Таков предлог нудат американски и германски експерти, со кој ќе се придонесе за намалување на сообраќајниот метеж во градовите и ќе ја подобри еколошката ситуација. Авторите на проектот пресметале дека годишно застојот во сообраќајот во САД, Германија и Велика Британија, придонесува за вкупни загуби од 461 милијарди долари. Научниците се на мислење дека овој проблем нема да биде решен со изградба на нови патишта или со интелектуални системи за навигација, туку само со воведување на нов систем за данок на возилата.
Во случајов ќе биде користен динамичен модел на „формирање на паричен надоместок“. Експертите се на мислење дека за реализација на идејата не им е потребна дополнителна опрема, како што тоа би било неопходно за новите навигациски системи. Едиствено ќе треба да се понудат информации во реално време за вредноста на патување низ една или друга делница на патот, во зависност од тоа колку е таа оптоварена во тој момент.
На пример, ако за возач кој се прибира дома после работа, а при тоа постојат две можни маршути пред него, треба да ја одбере онаа што е помалку „оптоварена“ за да плати помал данок.
Ако тој сепак избере да остане во сообраќајниот метеж, соодветно ќе плати повеќе. Така системот ќе ја зголеми пропусната моќ на патиштата, а економистите предлагаат овие пари да бидат инвестирани во инфраструктура, а исто така и во намалување на данокот на нафтените производи.