fbpx

Alfa Romeo 8C може да има до 800 КС!

Претходно оваа година, беше најавено дека Alfa Romeo планира да го оживее 8C, со тоа што новиот автомобил ќе ја преземе улогата на апсолутен предводник на италијанскиот бренд

Во моментов е познато дека автомобилот ќе користи хибриден погонски систем кој ќе се базира на 2.9-литарскиот V6 мотор од Giulia QV. Досега се проценуваше дека моќта на 8C ќе изнесува околу 700 КС, но во новиот извештај на магазинот CAR се вели дека моќта ќе биде поголема. Според информациите, 6-цилиндерскиот мотор сам ќе генерира излезна моќ од околу 600 КС. Ќе се додадат околу 200 КС од електричен мотор на предната оска, кој ќе обезбеди системска моќ од 800 КС и погон на сите четири тркала.

8C

Поврзани вести

Back to top button