fbpx

Tesla со уште поевтин модел во 2022 година

Првиот навистина евтин модел на Tesla треба да биде лансиран на пазарот во 2022 година

Ова го откри директорот на производителот на електрични автомобили, Илон Маск. Идејата на Мус и неговиот тим е да понудат Tesla која ќе може целосно да се натпреварува со идните изведби на Volkswagen I.D. Досега, појавата на такво возило не беше можна, бидејќи цената на батериите е премногу висока.

Во моментов, еден kWh од полнењето чини околу 200 евра, но според очекувањата во 2022 година цената на батериите ќе се намали за 3 пати. Новиот модел сигурно ќе биде хечбек кој ќе се произведува во Кина. Пред тоа, во најава е дека ќе се изгради нова фабрика на овие простор, со капацитет од околу 500.000 возила годишно.

Производствениот Tesla Model Y-кросовер, кој ќе биде лансиран кон крајот на 2019 година, исто така, ќе биде концентриран во иста фабрика.

Идниот пристапен модел на Tesla ќе добие нов електричен мотор, кој се развива со помош на Panasonic. Oваа соработка треба да ги „донесе“ Американците на ново ниво, бидејќи ќе дозволат цена од 70 евра за киловат час од батериите.

Tesla

Поврзани вести

Back to top button