fbpx

Geely ќе прави модел на Lotus конкурент на Porsche

Geely, новиот мнозински акционер во Lotus, планира да инвестира 1,5 милијарди фунти во британскиот бренд на спортски автомобили, со цел да го врати назад „во игра“

Ова го објави Bloomberg, повикувајќи се на познати извори. Потсетуваме дека кинескиот автомобилски гигант, кој е сопственик на компанијата Volvo, Polestar, London Taxi Company, Lynk & Co., Yuan Cheng Auto и 49,9% од Proton поседува и 51 процент од Lotus. Договорот беше финализиран минатиот септември. Според Bloomberg, Geely планира да изгради нови фабрики за производство и истражувачки центри во Велика Британија и да стекне уште поголем удел во Lotus со купување на повеќе акции од малезиските малцински акционери, Etika Automotive.

Покрај тоа, кинескиот авто-дилер има за цел да стане една од најголемите групи во автомобилската индустрија, а со тоа и заживување на британскиот спортски бренд, па дури и да го претвори во директен конкурент на Porsche. Bloomberg, исто така, тврди дека првата фаза од проширувањето на Lotus ќе доведе привлекување на околу 200 нови инженери и проширување на сегашната фабрика во Хетел, во Норфолк.

Lotus

Поврзани вести

Back to top button