Тестови на новиот BMW X7 во екстремни услови
Прототипи на првиот Sports Activity Vehicle во луксузниот сегмент се на „испит“ на своите сестрани квалитети на тестови во арктичкиот круг, во пустини, автопати...во екстремни услови
Како велат Баварците возилото е пред вистинскиот маратон на тешки тестови. Во рамките на сеопфатна и разновидна програма од искушенија, маскирани прототипи на новото BMW X7, можете да видите на најразлични правци низ целиот свет. Различните зимски тестови на снег и мраз се во близина на арктичкиот круг, долги патувања низ пустински и каменити патеки се реализираат под сонцето на Јужна Африка.
Стресниот Stop-and-Go сообраќај во џунглата на големиот град се реализира под динамички оптоварувања по меѓуградски патишта и автопати. Најекстремните предизвици и широкиот спектар на метеоролошки и патни услови во рамките на тестовите на динамиката на управувањето гарантираат дека првиот BMW X модел во луксузниот сегмент секогаш ќе може да обезбеди беспрекорни карактеристики на патот во секое време.
Со импресивно присуство, исклучителна понуда на место во ентериерот, висококвалитетните технологии на погонот и суспензијата, како и ексклузивните елементи на опремата BMW X7 ја симболизира најновата интерпретација на луксузниот стил на премиум марката од Минхен. Притоа карактеристични за една Sports Activity Vehicle комбинација, новината најавува офроуд врвни можности и незаменлива динамика на управувањето на патот.
Прототипите на новиот BMW X7 се произведуваат во фабриката на BMW во Спартанбург.
Во овој центар во Јужна Каролина, во САД, ќе се составува и сериската изведба. Иако со импресивна маска дури и предсериските модели најавуваат хармонични пропорции на новото BMW X7 и врвна изведба.