fbpx

Дали ќе успее Рeugeot да го задржи култот на седаните во Европа?

Peugeot e последниот производител со свое најново остварување во сегментот „кој умира’, седаните, но Французите сепак се надеваат дека ќе го вратат култот на оваа класа, иако се повеќе и повеќе имаме SUV изведби на на европскиот пазар

Според податоци на LMC Automotive, пазарот на слични автомобили ќе опадне до под 400.000 во 2021 година, па затоа никој не им навестува „светла иднина“, но сепак п ова ќе „огрее сонцето“ и на ова поле. За споредба пазарот на седаните, во 2017 година бил 5.400.000. Се очекува веќе во текот на оваа 2018 да иманамалување за 10%.

Овие бројки се далеку од 90-тите години на минатиот век, кога на модели како Volkswagen Passat, Renault Laguna, Opel / Vauxhall Vectra и Ford Mondeo „паѓаше“ 1/5 од продажбата на континентот. Во моментов, седаните со просечна големина имаат само 3,2 % пазарен удели во Европа, односно рангирани се на 9-то место.

Лидер во сегментот е VW Passat со 74.791 продадени возила, два пати повеќе од второпласираната Škoda Superb. Третото место е за Opel Insignia, која има ветувачки пласман и ќе биде многу подобра од Superb, пред Ford Mondeo, кој во четвртиот квартал имаше пад за 15 отсто, а во топп 5 е VW Arteon.

Peugeot

Во LMC Automotive се надеваат дека првиот зрак за „спас“ на седаните пристигнува од Peugeot, односно се надеваат дека Французите ќе го променат овој тренд, во септември ја пласираат на пазарот новата 508.

Компанијата типува на привлечен дизајн, за да ги стимулира претежно Французите, кои масовно бегаат од сегментот (кај Renault Talisman падот на продажбата само во мај е 45%). Се предвидува годишно производство на 80.000 единици на моделот, дел и на караванската изведба. Одделно, во Кина ќе бидат направени 12.000 единици.

Нивниот најголем конкурент, кога се новините во прашање треба да биде Toyota, која како замена на Avensis, во понуда ќе има Camry, хибридна верзија, направена во Јапонија. Идејата е да им се допадне на потрошувачите кои бараат автомобил со многу ниско ниво на CO2. Истото важи и за Škoda, која следната година ќе понуди Hybrid Superb. Тогаш ќе ја видиме хибридната варијација и од 508.

Експертите од LMC Automotive најавуваат и нов Мondeo, иако за ова се уште во Келн мудро молчат и покрај тоа што од Синиот овал најавија дека нема да се произведува неговата аналогна изведба за во САД, Fusion. Секако од средната класа нема да се откаже Volkawagen Group, која може да се пофали со сериозна побарувачка за Passat и Superb во Германија.

Падот на интересот за дизел во Европа, исто така, влијае на продажбата во сегментот.

Во првите пет месеци, побарувачката за седани со дизел мотори е за 22% пониска, додека бензинските модели се зголемија за 60%. Сепак, сегментот се уште е во корист на дизел автомобили, кои сочинуваат 60%. Севкупно, прогнозата на LMC Automotive е прилично оптимистичка, бидејќи падот на сегментот се очекува да продолжи до 2022 година, но тогаш пазарот за овој тип на возило ќе почне да закрепнува. Ова ќе биде направено со помош на новите модели, како и малото намалување на продажбата на средни SUV во тоа време.

Поврзани вести

Back to top button