fbpx

Најпосакуваните флотни електрични автомобили во Германија

На листата најкупувани електромобили од страна на германскaта влада и компаниите во земјата, за нивните потреби, лидер е Renault Zoe, пред германското дуо BMW i3 и VW e-Golf

Во иднина владата во Федералната република ќе се обиде да „наметне употреба“ на електричните и хибридни автомобили како службени возила. Ова и се очекуваше по дизел скандалот, забраните за движење на дизел возила во некои од најголемите градови, можните забрани за движење и на возила на фосилни горива во одредени региони, за што се повеќе се зборува во Германија и строгите норми за емисии на Европската Унија.

Сето ова ќе има свое влијание врз корпоративните автопаркови.

Досега тие беа главно од дизел автомобили, претежно поради ниската потрошувачка. Според статистиката за продажба на флотни електрични возила, во периодот јануари- јуни, германските производители се силно застапени, но не самиот врв. Вреди да споменеме овде дека во Германија субвенциите за електричен автомобил изнесуваат 4.000 евра и 3.000 за хибриди.

Лидер на листата на најпродаваните флотни електрични автомобили е Renault Zoe со 1.052 продадени единици или пазарен удел од 10,2 %.

На втората позиција е BMW i3 со 966 ( 9,9%) и на трето е VW e-Golf со 846 (8,7%). Во листата на десетте најпродавани електромобили и хибриди се уште: Smart Fortwo so 699 (7,2%), Mercedes Benz E-класа 678 (7%), BMW 2 Active Tourer 435 (4,5%), VW Passat 408 (4,2%), Smart Forfour 398 (4,1%), Audi A3 356 (3,7%) и Tesla Model S 322 (3,3%).

Поврзани вести

Back to top button