Добар биланс на германски марки во Кина
Во првите седум месеци од годинава, лидерската позиција меѓу премиум германски марки, на пазарот во Кина ја држи BMW Group, пред Mercedes-Benz, а Audi е на трето место.
Интересно е да се истакне дека сите три германски марки остварија позитива за периодот јануари-јули во 2018 година. Баварците имаат најмала стапка на раст, само 2,9%, но сепак се лидери со реализирани 396.493 возила. Продажбата на Mercedes напредубваше за дури 15%, односно испораќани се 392.780 возила. Најголем раст сепак има Audi, од дури 17%, односно реализација од 359.781 примерок.