Land Rover со трицилиндерски агрегати
Од 2019 година во понуда ќе се најдат и варијанти со 1,5-литарски бензински турбо мотор со три цилиндри
Првиот модел со новата енергетска единица ќе биде Range Rover Evoque.
Секако, во возилото нема да биде само конвенционалниот агрегат, бидејки станува збор за хибриден погон, во кој освен трицилиндерски бензински мотор ќе има и електричен, а меѓу новитетите ќе се уште литиум-јонскиот акумулатор и 48-Volt електричен систем. Моќта на новата енергетска единица сè уште не е позната, но се проценува дека електромоторите поголемиот дел од времето ќе работи како електростартер, а само на струја хибридниот Evoque ќе може да помине само неколку километри. Ова значи дека бензинскиот мотор треба да понуди доволно енергија од 150-180 КС. Следниот во редот за хибриден погон по Range Rover Evoque ќе биде моделот што ја користи истата платформа – Land Rover Discovery Sport. Меѓутоа, кај поголемите модели, се очекува хибридната моќна единица да е со мотори со поголем волумен на работа.
Во моментов, постои само една хибридна верзија на брендот, но работи заедно со турбодизел. Во иднина оваа комбинација ќе биде напуштена и новите хибириди ќе имаат само бензински мотори, бидејки за нив се потребни доста помалку средства за намалување на нивото на штетните емисии.
Jaguar Land Rover неодамна вети дека од 2020 па натаму, нема да има модел во својот опсег без електрифицирана верзија.