fbpx

Pininfarina PF0 на Pebble Beach Concours d’Elegance

Pininfarina објави дека првите потенцијални сопственици на целосно новиот електричен екслузивен суперспортски модел на марката- PF0, ќе можат да се запознаат за прв пат со автомобилот на Pebble Beach Concours d'Elegance, следната недела.

Пред специјално одбрана публика, компанијата ќе го демонстрира дизајнот на концептот на целосно електричниот модел. Официјалната светска премиера ќе се одржи за време на меѓународниот салон во Женева, во пролетта следната година. PF0 ќе биде произведен во лимитирана серија, само 150 примероци, а секој модел ќе биде изработен според изборот на клиентите. Колата ќе има можност за забрзување од 0 до 100 km/h за под 2 секунди. Максимална брзина на движење над 400 km/h и автономија над 480 километри. Модело  се очекува да биде доставен во 2020 година.

Од Pininfarina објавија исто така, дека на презентацијата на концептот на Pebble Beach Concours d’Elegance ќе присуствува и Ананд Махиндра- претседател на одборот на индустрискиот гигант Mahindra & Mahindra, кој е еден од главните „виновници” за реализација на проектот за сопствен луксузен автомобил на Pininfarina SpA.

Поврзани вести

Back to top button