fbpx

SEAT заштеди 12,6 милиони евра од идеите на своите работници

Во изминатите неколку години, шпанскиот производител на автомобили SEAT направи интересна иницијатива во компанијата

Наречена Ideas for Improvement (Идеи за подобрување), програмата промовира размена на идеи од страна на вработените што ќе доведе до различни подобрувања во работниот процес и бизнисот. Само во изминатата година, реализацијата на некои иновации на вработените на SEAT за подобрување (вкупно 11.200) резултираше со заштеда од 12,6 милиони евра.

Од компанијата прифаќаат идеи за подобрувања во девет основни категории: Производи, Капацитети, Ергономија, Енергетска ефикасност, Брзи идеи, Подобрувања на процесите, Квалитет, Животна средина и Иновации, а досега од шпанската марка подели повеќе од 2,1 милиони евра на свои вработени за нивните идеи.

Во првите шест месеци од оваа година, менаџментот на SEAT доби 7.381 идеи за подобрување, што претставува зголемување во однос на истиот период за минатата година.

SEAT

Поврзани вести

Back to top button