fbpx

Great Wall со првиот електричен модел

Кинеската компанија, најголем производител на SUV изведби, очигледно не сака да го пропушти се потрендовскиот бран на лансирање електрични возила и тргнува со типичен мал градски модел. Името на моделот е Great Wall Euler R1, а малата урбана изведба е целосно на електричен погон.

Great Wall Euler R1 има доста елементи со дизајнот на  класичен  тип градски автомобил. Тркалезни фарови, речиси квадратни задни светла со заоблени агли и имитација на решетка напред. Димензиите на Euler R1 се  должина 3.495, ширина 1.660 mm и висина 1.530 mm. Растојанието меѓу оските е 2.475 mm, а тежината е 990 kg. Моќната единица е електричен мотор од 35 kWh, 47.59 КС. Тркалата се 15-инчни, со гуми се 165/65 R15.

Батеријата е литиум-јонска, но нејзиниот капацитет и километражата не се објавени. Максималната брзина на крстарење е 102 km / h, а во опремата доаѓаат LED светла, камера за заден поглед,  ABS, ЕЅР… Great Wall Euler R1 ќе се најде на пазарот во Кина во почетокот на следната година, а неговото производство ќе биде во централната фабрика на компанијата во градот Баодин, провинција Хебеј

Поврзани вести

Back to top button