fbpx

Во Западна Европа раст од 9,1% во јули

Пазарот на автомобили во Западна Европа во изминатиот месец достигна ниво од 1.186.832 продадени единици, што претставува зголемување од 9,1% во споредба со јули минатата година

Според податоците на LMC Automotive, во седумте месеци од 2018 продадени се 9.125 171 единици, што е за 2.9% повеќе од лани.  Главните пет европски пазари забележаа солидна продажба во јули. Германија како главен фактор има подобрување од 12,3% или плсирани се 317.848 единици. Резултатот за првите седум месеци од годината изнесува 2.156.879 автомобили или 4,2% повеќе од истиот период во 2017.

Западна Европа

Франција го зазема второто место во Топ 5 на најголемите европски пазари.  Со резултат од 175.396 единици во јули (+ 18.9%) и 1.363.577 единици од почетокот на годината (+ 6.3%), а на трето е Велика Британија со 163.898 (+ 1,2%) и 1.477.892 (-5,5%), на четврто место е Италија со 152.393 (+ 4.4%) и 1.273.730 (-0.7%) и на петтото е Шпанија со 131.176 (+ 19.3%) и 865.822 (+ 11.4%).

Од LMC Automotive потенцираат дека на пазарите во Западна Европа, најголем раст во јули е забележан во Грција. Со голем резултат (+ 28.8%, 10.073), а најсериозно намалување на побарувачката на нови автомобили е регистрирано во Шведска (-49.4%, 12.504).

Поврзани вести

Back to top button