fbpx

VW планира бран отпуштања во врска со Дизелгејт

VW Group планира сериозна „чистка“ меѓу инженерскиот и менаџерскиот персонал поради односот на вработените со скандалот Дизелгејт

На листата меѓу шесте шефови е и оној задолжен за развојот во VW, Хајнц Јакоб Нејсер. Ова го најавија изданијата на Handelsblatt и Bild am Sonntag. Нејсер е истражуван од страна на Одделот за правда на САД, од јануари минатата година, во заговор за манипулација со софтверите за нивото на штетни гасови.

VW

Обвинителите во родната за брендот држава, Долна Саксонија, потврдија дека за оваа „далавера“ биле иследувани 39 лица за време на истрагата. Затоа, се очекува бран отпуштање, според Handelsblatt. Во изјава за весникот, сегашниот топ бос на VW, Херберт Дис, истакна дека ќе бидат отпуштени уште пет, шест лица, по интервенцијата на германската обвинителство.

На почетокот на оваа година американското Министерство за правда го додаде во листата на обвинетите поранешниот топ бос на Volkswagen Group, Мартин Винтеркорн, поради неговите активности за прикривање на фалсификуваните тестови од неговата компанија.

Поврзани вести

Back to top button