Jaguar E-Type електричниот прототип во Калифорнија
Jaguar одамна навести сериозни амбиции во развојот на електрични автомобили со претставувањето на концептот E-Type, опремен со целосно електричен погон
Креативната студија со одредени модификации беше прикажано повторно за време Concours D’Elegance во Пебл Бич. Всушност, како што е познато E-Type Zero не е потполно нов развој. Британците дури и продадоа одредени подготвени изведби на поединечни клиенти. Но за оваа цел, за Concours D’Elegance во Пебл Бич, имаме потполно модифицирана верзија.
Засега моќноста на машината останува непозната, но се знае дека таа забрзува од мирување до 100 km/h за околу 5,5 секунди, што е доста добрo достигнување од она на оригиналниот автомобил. Напојувањето на електричниот погонски систем доаѓа од 50 kWh батерија која обезбедува максимална автономија со едно полнење од околу 270 километри.
Инаку, на изглед, ретро автомобилот изгледа исто како и оригиналот, а меѓу новините е додавањето на LED фарови. Кабината пак добила целосно дигитална табла и голем екран за инфо функциите.