fbpx

Nissan планира многу промени за новиот Juke

Втората генерација на популарниот Nissan Juke, субкомпактниот кросовер, ќе биде сосема поинаква од првата, особено во однос на надворешниот дизајн

Новиот Juke е дело на дизајнерскиот тим во студиото во Лондон и дебито на новиот модел се очекува следните неколку месеци, а компанијата соопшти дека ќе биде на една од врвните салонски макифестации. Производството на новиот модел започнува во 2019 година. Главниот дизајнер на Nissan, Алфонсо Албаиса, изјави дека втората генерација на Juke. „не е ни одблизу слична на претходната”.

-Новата генерација на Juke, како што сите очекуваа, не изгледа како IMx (концептниот електричен кросовер прикажан во Токио минатата година), како и новиот Leaf. Тоа е нова „бомбичка“ за градот!

1 | 
2 | 
3 | 

    Тој ги отфрли тврдењата дека оригиналната верзија на дизајнот на автомобилот не била одобрена за сериска верзија и автомобилот бил вратен на доработка.

    -Немаше такво нешто, не знам од каде доаѓаат овие информации, објасни Албаиса. – Тоа е прилично интересен автомобил.

    Првата генерација на Juke дебитираше на Салаонот за автомобили во Женева во 2010 година и се покажа како многу важен за промоција на кросоверите на европскиот пазар. Помеѓу 2010 и 2016 година, продажбата на субкомпактниот кросовер се зголеми за 10 пати. До 2022 година се очекува овој пазар да се удвои од нивоата во 2016 година и да достигне 1,13 милиони продажби.

    Поврзани вести

    Back to top button