Москва 2018: LADA 4×4 Vision- визија за иднината
Премиера на меѓународниот салон во Москва има целосно новиот концепт 4x4 Vision на LADA
Со негова помош, најверојатно, од компанијата ја навестуваат долгоочекуваната генерација на легендарниот теренец на руската марка. Од LADA коментираат дека во текот на развојот на 4×4 Vision се барала инспирација од легендарниот офроудер, а при тоа да се запазат одредени трендовски бранувања, вклучувајќи го и X-дизајнот на предниот дел, стилска техника која компанијата ја воведе со моделот Vesta.
Со исклучително модернистички и на места футуристички дизајн, концептот LADA 4×4 Vision e опремен со 21-инчни, специјално развиени фелни и според креаторите си го задржува карактеристичните за легенадрниот претходник офроуд квалитети.
Со LED системите за осветлување и панорамски стаклен плафон, LADA 4×4 Vision се одликува и со интересни структурни особеност- предните врати се значително подолги од задните. Во ветробранското табла на автомобилот се интегрирани два големи екрани, на кои според креаторите на концептот, се сите функции и во секое време може да се добијат сите потребни информации.