fbpx

RM SOTHEBY’S продаде автомобили за 158 милиони долари за два дена

За време на аукцијата на RM Sotheby's Monterey Car Week беше достигнат нов рекорд за автмонобил купен за време на аукција. Новиот рекордер е Ferrari 250 GTO од 1962 година, која беше купен за 48.405.000 американски долари.

Од RM SOTHEBY’S откриваат интересни детали околу промената на сопственоста на новата најскапа кола во светот. Коментираат дека наддавањето започначо со неверојатни 35.000.000 долари, по телефон. За автомобилот наддавале тројца потенцијални клиенти, а крајната сума била достигната за 10 минути.

Иако уплатениот износ за Ferrari 250 GTO ќе остане во историјата, на аукцијата биле купени и редица други интересни автомобили. Меѓу нив се издвојуваат Aston Martin DP215 Grand Touring Competition Prototype од 1963 година (21.455.000 долари), Ford GT40 Mk II од 1966 (9.795.000 долари), Porsche 550A Spyder од 1957 (4.900.000 долари), Maserati A6G / 2000 Zagato од 1956  (4.515.000 долари), Mercedes-Benz AMG CLK GTR од 1998  (4.515.000 долари), Ferrari F40 од 1990 (1.710.000 долари) и други.

Најевтиниот автомобил предложен и купен на аукција бил Porsche 944 S од 1987 година- 22.400 долари.

За време на настанот од RM SOTHEBY’S биле предложени повеќе од 150 возила, а 83% од нив  нашле нови сопственици. Збирот собран од нивната реализација бил речиси 158 милиони долари (157.931.940 долари), што е еден од највисоките резултати за аукциската куќа како целина и претставува подобрување од речиси 19% во споредба со минатогодишното издание на елитниот настан.

Поврзани вести

Back to top button