Essentia најскапиот модел досега на Genesis
Genesis, премиум брендот на Hyundai, ќе презентира спортски автомобил базиран на прототипот на Essentia. Ова беше најавено од „Motor Trend“, по изјавата на шефот на брендот.
Досега, јужнокорејската компанија не објави никакви детали за новиот модел, но нејзиниот шеф рече дека серискиот Genesis Essentia ќе биде произведен во ограничено издание. Исто така, тој ќе биде најскапиот автомобил во опсегот на брендот.
Електричниот прототип со две врати Essentia (на фотографија) дебитираше на Саемот за автомобили во Њујорк оваа година. Моделот има галериски врати, каросерија од карбон, транспарентен покрив и бакарни тркала. Серискиот модел се очекува да биде достапен во 2021 или 2022 година.